Хроника 15. May 2019. / 19:02

Акција на полицијата: Битолчанец дома криел огромно количество на оружје

Акција на полицијата: Битолчанец дома криел огромно количество на оружје

Полицијата, по судски налог, денеска пронајде големо количество на оружје и муниција во домот на битолчанецот со иницијали Д.Г.

Врз основа на Наредба за претрес на дом издадена од судија на предходна постапка од Основен суд Битола, од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, извршен е претрес во домот на лицето Д. Г. (34) од Битола поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело по член 396 “недозволено изработување, држење, и тргување со оружје и распрскувачки материи” од Кривичниот Закон.

Врз основа на Наредба за претрес на дом издадена од судија на предходна постапка од Основен суд Битола, од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, извршен е претрес во домот на лицето Д. Г(34)од Битола поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело по член 396 “недозволено изработување, држење, и тргување со оружје и распрскувачки материи” од Кривичниот Закон.

При претресот во домот на лицето се пронајдени и со потврда за привремено одземени предмети се одземени:еден ловен карабин, три ловни пушки, еден пиштол, една воздушна пушка, педесет и пет куршуми калибар 9мм за пиштол,, седумдесет и две парчиња ловна муниција, еден куршум калибар7. 65мм за пиштол и еден цилиндричен предмет со барутно полнење.

За настанот е известен надлежен обвинител од ОЈО Битола,се наведува во соопштението на МВР.