Хроника 10. јуни 2018. / 11:11

Акција на МВР: Еве колку возачи возеле пијани

Акција на МВР: Еве колку возачи возеле пијани

Во текот на изминатата вечер (09/10.06.) во периодот од 22,00 до 05,00 од страна на Oдделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, беше спроведена акциска контрола со цел откривање и санкционирање на возачите кои управуваат возила под дејство на алкохол.

Вкупно се контролирани 304 возачи. 197 возачи се алкотестирани и кај 43 од нив е утврдено присуство на алкохол над дозволеното. Констатирани се и други 48 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со вакви акции и во наредниот период, особено на територијата на град Скопје.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот на патиштата.