Судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот за крвавиот четврток, даде еден час пауза за претседателот на судот, Иван Џолев, да одлучи по барањето на адвокатот на Јохан Тарчуловски, Антонио Апостолски, да биде изземена од постапување, поради сомнежи дека е во роднинска врска со еден од оштетените.
Досега сведочеше само еден од предвидените четири сведоци, вработен во Собранието задолжен за електронскиот систем, вклучување на микрофоните и на системот за гласање. По паузата, треба да сведочи пратеникот Ферид Мухиќ.