Во периодот од 04.01.2018 до 10.04.2018 година направил дури 7 кривични дела.
Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против Д.Ј.(31) од Скопје за сторени седум кривични дела “разбојништво“. Во периодот од 04.01.2018 до 10.04.2018 година на подрачје на Битола, во седум аптеки, пријавениот, со закана со пиштол извршил разбојништва, при што ги одземал парите од дневниот промет, како и шишиња метадон.
Со сторените дела пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 126.100 денари.