Хроника 20. декември 2020. / 12:13

670 лица казнети за неносење заштитна маска на лице

670 лица казнети за неносење заштитна маска на лице

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 670 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи и во денешното соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.