Хроника 09. февруари 2021. / 15:18

27-годишникот кој почина од Ковид-19 имал церебрална парализа и анемија

27-годишникот кој почина од Ковид-19 имал церебрална парализа и анемија

27-годишно момче од Демир Капија вчера починало од Ковид-19, соопшти вчера Министерството за здравство.

Пациентот имал церебрална парализа од раѓање, придружена со ментална ретардација, а имал и анемија, дознава „Плусинфо“.

– Пациентот имал церебрална парализа од раѓање придружена со ментална ретардација и дополнително бил дијагностициран со анемија. Овие пациенти кои имаат ЦП спаѓаат во ризична група за било кој тип на инфекции и вируси, одговорија од Министерството за здравство.