Врховниот суд на Словачка денеска на 25 години затвор го осуди убиецот на истражувачкиот новинар Јан Куцијак и неговата пријателка, злосторства што беа сторени во 2018 година.
–Оваа пресуда на жалбениот суд против поранешниот војник, Мирослав Марчек, е конечна и на неа веќе нема простор за жалби, потврди портпаролот на судот Александра Вазанова.
На почетокот на оваа година, Марчек призна дека во февруари 2018 година ги убил Куцијак и неговата свршеница Мартин Кушнирова, пукајќи им во глава и гради.
Со оваа пресуда Врховниот суд ја поправи поблагата казна на Специјалниот кривичен суд во Пежинок, град крај Братислава. Тамошните судии во април годинава го осудија Марчек на 23 години затвор, меѓутоа Јавниот обвинител , инсистираше на максимална казна заради тежината на кривичното дело.
Истражувачкиот новинар Куцијак објави повеќе од десетина написи за претприемачот Маријан Кочнер. Во една од тие изјави, тој го обвини Кочнер дека е вмешан во шема за даночна измама.
Куцијак стана познат по откритијата за затајување данок и бројни измами на деловни луѓе поврзани со владејачката партија на земјата Смер.
Извештајот објавен по неговата смрт за можни врски помеѓу италијански мафијашки кланови и словачки државни службеници предизвика масовни протести против корупцијата и доведе до оставка на тогашната влада