Секторот за внатрешни работи Тетово-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 19-годишниот Д.Ѓ. од гостиварското село Леуново поради основи на сомнение дека извршил пет тешки кражби.
Пријавениот Д.Ѓ. се сомничи дека во периодот од октомври до декември оваа година, искористувајќи го отсуството на нивните сопственици, насилно провалил во пет викендички во Маврови Анови и населбата „Бела вода“ и притоа нанесол вкупна материјална штета која се проценува на 76.500 денари.
На први декември Д.Ѓ. лишен е од слобода и со соодветен поднесок предаден е на судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар, кој му определил мерка притовор од 8 дена, по што е предаден во КПУ „Скопје“ во Скопје за издржување на притворот.
Најголемиот дел од одземените предмети се пронајдени и вратени им се на сопствениците.