Хроника 22. април 2020. / 10:16

18 лица се приведени поради непочитување на полицискиот час

18 лица се приведени поради непочитување на полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата, според евидентираните податоци, на 63 лица им се издадени решенија за изолација, а 54 лица потпишале изјави за самоизолација.

Истовремено од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека две лица не ја почитувале мерката за самоизолација.

По однос на забраната за движење, во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 33 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 18 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.