На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби поради компликации од грип почина 14-годишно дете, соопшти Министерството за здравство.
Според нивните информации, детето боледувало и од церебрална парализа.
Според податоците од Институтот за јавно здравје, до крајот на минатиот месец се пријавени 3.209 случаи со симптоми на грип.
Ова е петти регистриран смртен случај од грип оваа сезона.