Хроника 08. March 2019. / 10:37

10 сообраќајки се случиле вчера во Скопје

10 сообраќајки се случиле вчера во Скопје

Еден пешак и еден возач на мопед се здобиле со тешки телесни повреди, а шест со лесни телесни повреди во пет од вкупно 10 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во три е причинета материјална штета.

Според податоците на СВР Скопје, полицијата санкционирала 34 возачи кои возеле со поголема брзина од дозволената, шест кои управувале возило под дејство на алкохол, 17 пред да се стекнат со право на управување моторно возило и двајца почетници.

Од сообраќај биле исклучени 14 нерегистрирани возила, едно возило за претовар, а мерки за непрописно паркирање биле издадени 104. Со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 80 возила.

Полицијата евидентирала  тројца пешаци за поминување коловоз вон пешачки премин, еден пешак кој поминал коловоз на црвено светло, шест возачи кои поминале крстосница на црвено светло, пет возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и шест за неправилно престигнување.

Казнети се и седум за неносење сигурносен појас за време на управување на  моторно возило и 20 за користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило.