Хроника 08. јануари 2021. / 12:39

10 кумановци добија кривични пријави за непостапување според здравствени прописи

10 кумановци добија кривични пријави за непостапување според здравствени прописи

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 10 лица за „непостапување според здравствени прописи за време на пандемија“.

Како што информираат од МВР, утринава во 1:45 часот во СВР Куманово било пријавено дека во зграда лоцирана во центарот на градот имало поголема група граѓани кои ги вознемирувале станарите. Од страна на полициските службеници е влезено во станот во кој биле затекнати 10 лица и било утврдено дека се работи за кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на пандемија“.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.