Хроника 17. октомври 2018. / 14:42

10 годишно девојче повредено по пад од скали од автобус на ЈСП

10 годишно девојче повредено по пад од скали од автобус на ЈСП

Во текот на вчерашниот ден, во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека 10-годишно девојче се здобило со тешки телесни повреди во автобус број 3 на Јавното сообраќајо претпријатие на улица „Тодор Александров“.

Во моментот кога девојчето се симнувало по скали од вториот кат автобусот застанал и тоа паднало по скалите. По незгодата, девојчето со друго возило било пренесено во Ургентен Центар – „Систина“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.