Хроника 16. јуни 2018. / 13:26

10 годишно дете е прегазено и итно пренесено на Ургентен во Скопје

10 годишно дете е прегазено и итно пренесено на Ургентен во Скопје

Во 22.00 часот на регионалниот пат Тетово-село Јажинце, 40-годишниот С.А. од Доброште, тетовско, управувајќи патничко возило „Опел Корса“ со тетовски регистарски ознаки, удрил во 10-годишно девојче од селото Теарце.

Од ударот девојчето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Клиничката болница Тетово каде му била укажана лекарска помош.

Поради сериозноста на повредите девојчето било префрлено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Тетово.