Крсте Трајчевски е наш сограѓанин кој вчера претрпи штета од невремето кое ја поплави улицата каде што живее. Денеска раскажа како тоа се случило. Неговата визба била целосно поплавена, но и автомобилот до половина, паркиран на ул. Ѓорче Петров, истакна дека овој проблем жителите на улицата го имаат откако се затворил каналскиот систам поради изградбата на ул. „Железничка“ пред десетина години.
Заврна голем дожд, дојде водата и нема кај да избега, зошто каналот, испустот према пругата е затворен. Со новиот пат кога го правеа, со новиот колектор, не пуштија цевка. Каналот ќе се наполни, кога ќе дојде оваа вода од нашата улица тој е веќе полн и водата нема каде да оди. Тоа е голем проблем кој ни го направија. Претходно си имаше канал, си одеше водата надолу. Но кога ја правеа ул. „Железничка“ пред околу десетина години ни го затворија и сега со секој поголем дожд имаме проблеми“, рече Трајчевски.
извор: тера.мк