Економија 01. јули 2020. / 14:56

Зибери вети минимална плата од 600 евра за наставниците

Зибери вети минимална плата од 600 евра за наставниците

Во Чаир, кандидатот на ДУИ за премиер се сретна со наставниците пред кои ја образложи изборната програма од областа на образованието.

Зибери вети дека ќе создаде можност секое дете да биде вклучено во системот на предучилишно образование и да ги подобри условите во образованието.

„Ветувам дека ќе дадеме се од себе за да се подигне вашиот економски и социјален стандард воопшто. Да имаме посебна почит, ветувајќи дека минималната плата за вработените во основното образование ќе се зголеми на најмалку 600 евра“, рече Зибери.