На прашање од страна на „Капитал“ во врска со најавениот ребаланс на буџетот на РМ, министерот за финансии Драган Тевдовски, истакна дека според најновите податоци што ги добил, актуелната динамика на поврат на ДДВ кон фирмите е за 1,5 милијарди денари поголема од ланската.
– Во моментот реализацијата на даночните приходи е задоволителна. Во првото тримесечје има раст на даночните приходи во однос на лани за 4,2% и тоа во услови на зголемен поврат на ДДВ. Повратот на ДДВ кон фирмите е поголем за 1,5 милијарди денари во однос на истиот период лани. Според интерните податоци, кои редовно ќе бидат објавени во мај, во април исто така гледаме силна наплата на приходите – вели Тевдовски.