Економија 20. април 2020. / 13:15

Здружение нуди бесплатна правна помош за прекршени работнички права

Здружение нуди бесплатна правна помош за прекршени работнички права

Здружението „Мултикултура“ од Тетово информира дека започна проект со цел да понуди бесплатни совети и бесплатна правна помош на сите работници чии права се загрозени во време на пандемијата со коронавирусот.

Здружението, кое е овластено за ваков тип на помош, има ангажирано правник за давање бесплатна правна помош на лица на кои им се прекршени работничките права.

-Право на бесплатна правна помош имаат лицата кои, со оглед на својата материјална положба, не би можеле да ги остварат со Устав и закон загарантираните права, без да го загрозат сопственото издржување и издржувањето на членовите на своето семејство со кои живеат во заедничко домаќинство, како што се лица корисници на социјална помош, корисници на правото на инвалидски додаток, кои не остваруваат други приходи по основ на заработувачка или приходи од недвижности, корисници на најниска пензија кои живеат во семејна заедница со две или повеќе лица издржувани од него и семејства или самохран родител со едно или повеќе малолетни деца кои остваруваат право на детски додаток, велат од Мултикултура.

Од Здружението ги советуваат сите кои имаат потреба од правна помош да се пријават преку телефонските броеви 070/858-144 и 044/377-775, е-маил адресата: [email protected] или пак преку профилите на Мултикултура на социјални мрежи.