Здружението на сопственици во ГТЦ реагираат на случувањата и проблемите во трговскиот и апелирааат државните институции да превземат правна иницијатива за решавање и корекција на проблемите од минатите 30 годинини.
Еве ја реакцијата во целост
Ние, Здружението на сопственици ГТЦ 1973 Скопје – сме здружение на сопствениции деловни простории во ГРАДСКИ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР .
Во времето кога сите се засегнати за иднината на ГРАДСКИ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР, никој не се завзема да ги согледа реалните проблеми, сопственоста и начинот на управување во ГРАДСКИ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР, како извор на сите незадоволства во јавноста во последните 5 години.
Затоа сакаме да ја информираме целата засегната јавност во Македонија за следните неколку факти:
· ГРАДСКИ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР е приватизиран објект каде што 90% од локалите се во приватна соспственост, 10% во сопственост на Р Македонија. Поради тие 90% приватна сопственост, секогаш за било каква интервенција треба да се прашат сопствениците.
· Сите интервенции во ГРАДСКИ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР посредно се финансирани со пари од сопствениците на деловни единици во ГРАДСКИ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР и затоа ние сопствениците треба да дадеме согласност за секоја интервенција.
· Проблемите со ГРАДСКИ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР се зголемуваат последните 30 години и сметаме дека единствениот пат за решавање на проблемите во ГРАДСКИ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР е целосна имплементација на позитивната законска регулатива за домување и управувавање со објекти.
· ГРАДСКИ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР не е објект од посебно историско значење за да биде конзервиран, туку напротив мора да се развива во согласност со најновите светски трендови во трговијата.
Заеднички се договоривме за изградба на лифтот панорамски кој му е потребен на ГТЦ
· Ние не се согласуваме со мешање на надворешни здруженија кои немаат сопственост во ГРАДСКИ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР и бараме државните институции да превземат правна иницијатива за решавање и корекција на проблемите од минатите 30 годинини.