Економија 19. декември 2018. / 15:13

Здравство: Партиски вработувања на Стоматологија

Здравство: Партиски вработувања на Стоматологија

Покрај конкурсот распишан деновиве од Здравствен дом- Скопје, неодамна имаше конкурси и на клиниките во кампусот Мајка Тереза. Познати се избраните кандидати за Клиниката за стоматологија- примени се осум лица, меѓу кои евидентно е дека изборот паднал и по партиска припадност, пренесува „Здравство“.

Имено, една од избраните, Стефана Чакар е роднина на државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев.

Примена на конкурсот е и Елена Радевска, активна во Социјалдемократскиот сојуз што може да се види и од нејзиниот Фејсбук профил.

Пишува порталот „Здравство“.