Здравствениот Дом Скопје упати голема благодарност дo нафтената компанија Гулф за донацијата на нафтен дериват за возилата на Итната медицинска помош.
„Во актуелната состојба во која се наоѓаме, односно во борбата со Ковид-19, ваква донација ни е од големо значење за подобрување на здравствените услуги со што се постигнува поефективно вршење на секојдневните обврски.
Ви благодариме! И ние сме тука за вас во секое време!“, порачуваат од Здравствениот дом Скопје.