Економија 09. октомври 2019. / 15:34

Затуроска: „Мој ДДВ“ се покажа како фијаско, подобро ќе беше да се намали данокот

Затуроска: „Мој ДДВ“ се покажа како фијаско, подобро ќе беше да се намали данокот

На денешната собраниска седница пратеничката Лилјана Затуроска посочи дека власта има потфрлено во економијата во секој можен сегмент.

Сите оние принципи на кои што се потпира економијата во развиените земји, сето ова со овој ребаланс што вие го нудите за жал ништо не сте зеле во предвид. Некако како да си одите спроти глава. Се она што една економија ја прави економија, вие го санкционирате, а се она друго што оди во прилог на врхушката на СДСМ вие го стимулирате, појасни Затуроска.

Затуроска додаде дека не мора ништо да се измислува, се е измислено. Само треба власта да го примени достоинствено онака како што другите земји го прават.

Зошто на пример не го зедовте примерот со Естонија. Конкретно преку делот во поедноставување на даночниот систем преку воведување на концептот на рамен данок. Вие го санкциониравте. Го донесовте прогресивниот данок кој што негативните ефекти ги гледате сега, а на тоа уште тогаш ви забележуваше бизнис фелата во однос на неговото имплементирање, заклучи Затуроска.

Затуроска истакна дека популистичката мерка „Мој ДДВ“ уште на самиот почеток се покажа како фијаско. Подобро беше да се намали данокот, поевтино ќе ја чинеше државата и поефикасно ќе беше, отколку оваа скапа мерка.