„На туѓа неволја добро се заработува“ можеби е мудрост која ја измислиле старите грци, ама ја користат денешните германци. На пратеничко прашање на Зелените во Германскиот Парламент:„Колку платила Германија за спас на Грција?“ добиен е детален извештај дека Германија, по основа на камати и провизии, заработила скоро 3 милијарди евра, создавајки поповолни услови за отплата на грчките кредити.
Најмногу добивка дошла од интервенцијата која ја наложи Европска централна банка, таканаречената Securities Markets програма на пазарот на државни обврзници и тоа од мај 2010 до септември 2012 година. Иако таа мерка имаше за цел да ги спушти каматите на хартиите од вредност на државите во криза, каматите сепак беа високи и Грција мораше да плати 3,4 милијарди евра. Во текот на 2013 и 2014 година приходот од каматите доспеваше во таканаречениот Европски фонд за спас (ЕСМ), а инаку каматите од германскиот заем за Грција доспеваа во буџетот на Берлин- и тоа околу 2,5 милијарди евра.
За иднината на Грција денеска (21.06.) расправаат и министрите за финансии од земјите од еврозоната. Актуелната програма за помош за земјата во волумен од 86 милијарди евра истекува на 20 септември и министрите во Луксембург би требало да се договорат ако тој крај да протече „меко“: значи колку милијарди евра би ѝ биле потребни на Грција додека не „застане на сопствени нозе“ и започне да позајмува доволно средства на отворените финансиски пазари. Ќе се расправа и за можните за дополнителни олеснувања за грчките долгови, кои суште ги има.