Со поздравниот говор на Иван Штериев, главниот извршен директор, денеска започна 19. годишна конференција на Македонска берза во Охрид, на која ќе учествуваат видни гости од економско-политичкиот живот на Македонија како Драган Тевдовски, Кире Наумов, Димитар Богов, Трајко Славески и Фатмир Бесими.
На воведниот говор беше забележано дека во 2018-та Македонската берза забележала рекорден раст на прометот за еден квартал од 82 милиони евра промет и 16% раст на индексот.