Економија 28. април 2018. / 14:45

Занаетчиската комора ги додели првите мајсторски дипломи

Занаетчиската комора ги додели првите мајсторски дипломи

Единаесет фризери се стекнаа со диплома. Од Занаетчиската комора велат дека ова е врв на занаетчиството. Според комората, состојбата со занаетите е загрижувачка. Проблем е и сивата економија. Ова велат, директно влијае на развојот на малите и средните претпријатија и на економскиот развој. Поддршката од државата е слаба, а подигањето на свеста за знаетчиството е клучна, велат од Занаетчиската комора…

Додека едни занаети изумираат други не им се потребни на граѓаните. Ова е реалната состојба во занаетчиството- посочуваат од Занаетчиската комора. Потребна е, велат, поддршка од државата како и финансиски и царински ослободувања. Од таму се жалат дека се соочуваат со недоволно стручен кадар. Проблеми има и со сивата економија. Според претседателот Петров, ова директно влијае на развојот на малите и средни претпријатија и на економскиот развој.

По повеќе од 50 години Занаетчиската комора ги додели првите мајсторски дипломи. Единаесет фризери се стекнаа со диплома. Избрани беа успешни занаетчии во пет категории.

Во Македонија има околу 5.000 занаетчии. Златари, фризери, козметичари, часовничари, се меѓу почестите занаети. Нема водоводџии, паркетари, електричари.