Самостојните вршители на дејност ќе бидат ослободени од плаќање на аконтациите на данокот на личен доход за март, април и мај 2021 година.
Владата на последната седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на личен доход по скратена постапка, со кој ќе се овозможи ваква поддршка на самостојните вршители на дејност при справувањето со последиците од коронавирусот.
-Предложените измени се со цел да се обезбеди поддршка на занаетчиите-паушалисти во справувањето со последиците од коронавирусот, и се дава можност самостојните вршители на дејност во 2021 година да плаќаат за 50% помали аконтации во однос на претходната година како олеснителна мерка за справување на последиците од кризата заради КОВИД-19, информираат од Владата.