Економија 19. март 2020. / 19:55

Занаетчиите бараат ослободување од придонеси и персонален данок за март, април и мај

Занаетчиите бараат ослободување од придонеси и персонален данок за март, април и мај

Занаетчиската Комора предлага мерки за помош во надминување на негативните ефекти врз занаетчиството од состојбата со епидемијата на Ковид-19.

Наш предлог е занаетчиите да се ослободат од придонеси за плата и персонален данок на доход за месеците март, април и мај или се до моментот додека не се стабилизира состојбата во државата. Исто така предлагаме и времен престанок на работата на занаетчиите кои се во директен контакт со  луѓето како: фризери, козметичари, педикири и маникири – се наведува во соопштението од Агрон Фазлији, претседател на Занаетчиска Комора.

Во соопштението се наведува дека добро развиено занаетчиство значи и застапување на интересите на занаетчиите на домашниот и странскиот пазар и јакнење на нивната конкурентност.

Со оглед на важноста на развојот на занаетчиството за развој на целата земја, неминовно е во новонастаната ситуација во државата и ние како дел од стопанството кое во мометот е целосно блокирано, да понудиме преземање чекори за надминување  на кризата во која занаетчиството е директно погодено – додаде Фазлији.