Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе одржи седница. На дневен ред е Предлог-законот за задолжување на Република С. Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, по скратена постапка во второ читање.
Пред членовите на Комисијата е и Предлог-законот за задолжување на Република С. Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по договорот за заем за финансирање на Проектот за модернизација на земјоделството, по скратена постапка во второ читање.