Економија 19. јануари 2021. / 14:33

Заев: Предвидени 31 милион денари за промоција туристичката понуда на државата

Заев: Предвидени 31 милион денари за промоција туристичката понуда на државата

Премиерот Зоран Заев денеска на својата фејсбук страница напиша дека поддршката на домашниот туризам и ваучерите „Дома си е дома“ дадоа одлични резултати за домашните туристички капацитети.

-Податоците за Маврово – Ростуше (Националниот парк Маврово) за првите 10 месеци од 2020 година, и покрај затворањето во април, мај и дел од јуни кога не работеа сместувачките капацитети, покажуваат дека се остварени 22.453 ноќевања од страна на 11.098 туристи, а за истиот период во 2019 година имало 20.563 ноќевања и 10.394 туристи во сместувачките капацитети. Ова е раст од шест отсто за домашните туристи и од девет проценти за ноќевањата, во споредба со 2019 година. Во Берово имаме покачување од 29 отсто на домашните туристи, додека бројот на ноќевања е зголемен за 37 проценти во однос на истиот период 2019 година, наведува Заев.

Според него, отворањето на новата линија Киев – Скопје овозможи поголем број украински туристи во нашите зимски центри кои се полни до крајот на месецот, благодарение и на зелените коридори кои земјава ги воспостави со Србија и Албанија.

-Ова покажува дека имаме потенцијал за развој на еко-туризмот и руралниот туризам, вели Заев.

Поддршката на домашниот туризам и ваучерите „Дома си е дома“ дадоа одлични резултати за домашните туристички капацитети….

Posted by Zoran Zaev on Tuesday, January 19, 2021

Во 2021 продолжуваме со интензивна поддршка преку Програмата за развој на туризмот во Северна Македонија во 2021 година. Предвидени се 31.000.000 денари, истакнува премиерот.