Економија 28. јануари 2021. / 09:21

За состојбата со тутунот денеска треба да расправаат пратениците на Комисија!

За состојбата со тутунот денеска треба да расправаат пратениците на Комисија!

Во Собранието на Република  Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, на која пратениците треба да ја разгледаат Информација за состојбата на тутунот од реколта 2020-2021 заклучно до 21.12.2020 година.

Барањето за расправа за состојбата со тутунот е поднесена од пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ:  Александар Николоски, Љупчо Димовски, Дајанчо Ефтимов, Златко Пенков, Мирче Аџиоски, Здравко Трајанов, Кирил Пецаков, Александар Велјановски, Игор Здравковски, Љупчо Пренџов, Бети Стаменкоска Трајкоска, Даниела Христова, Лидија Петкоска, Ангелинка Петкова, Бране Петрушевски, Миле Лефков, Иван Јорданов, Бојан Стојаноски, Рашела Мизрахи, Благица Ласовска, Петар Ристески и Никола Мицевски.