Економија 22. декември 2019. / 17:30

Втор јавен повик на ФИТР за технолошки развој со вкупен буџет од шест милиони евра

Втор јавен повик на ФИТР за технолошки развој со вкупен буџет од шест милиони евра

Втор јавен повик за технолошки развој објави Фондот за иновации и технолошки развој. Вкупниот буџет за повикот изнесува шест милиони евра.

Со овој повик Владата обезбедува до 30 отсто во максимален износ од 10 милиони денари, а останатите 70 отсто се влог на компаниите.

Во периодот на аплицирање за домашните компании ФИТР ќе обезбеди користење на бесплатна советодавна поддршка и техничка помош.

Дополнително, со цел информирање за деталите од повикот, условите и можностите за аплицирање, ќе бидат реализирани и повеќе информативни сесии во соработка со стопанските комори и други организации.

Рокот за аплицирање на јавниот повик по редовна постапка е 5 февруари следната година до 23:59 часот, се наведува во соопштението на ФИТР и се додава дека рокот за аплицирање на јавниот повик по скратена постапка е 27 декември до 23:59 часот.