Економија 14. февруари 2019. / 09:45

Вработените во студентскиот дом во Пробиштип немаат земено плата 10 месеци

Вработените во студентскиот дом во Пробиштип немаат земено плата 10 месеци

Десет месеци не земале плата и се оставени на работ на егзистенцијата, сите вработени во студентскиот дом „Доне Божинов“ во Пробиштип,пишува Курир.

Еден од вработените ја контактираше редакцијата на КУРИР.

-Немаме земено плата 10 месеци. Едвај преживуваме. Разговараме со директорката Љубица Донева и одговорот од неа е дека немале пари за плати. На прашањето кога ќе ни ги исплатат, таа вели кога ќе имале пари-тогаш. Оставени сме на работ на егзистенцијата, истакна вработениот за КУРИР.

Седум вработени се во ваква состојба. Цели десет месеци на нивната сметка не е префрлена ниту една плата.

Се обратиле и до надлежните, но грижа за нив никој не покажал.

-Два пати бевме до Министерството и ништо не добивме. Владата е глува за нашето барање, а единствено што бараме е нашиот личен доход, парите кои чесно си ги заработуваме, вели нашиот соговорник.

Управата на Домот и Министерството за образование и наука, се должни да го решат овој проблем. Но, од нив нема никакви чекори.

Во ноември беше објавено дека нерентабилното работење на Студентскиот дом „ Даре Божинов“ во Пробиштип најверојатно ќе значи и негово затварање во текот на оваа година.