Економија 22. октомври 2020. / 11:22

Вработените во филмската академија во Охрид сè уште не земале плата за септември

Вработените во филмската академија во Охрид сè уште не земале плата за септември

На вработените во ЈНУ Институт за филм – филмска академија – Охрид сè уште не им е исплатена платата за месец септември и покрај законската обврска за исплата на плати најдоцна до 15 следниот месец, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, додавајќи дека власта предводена од СДСМ воопшто не се грижи за подобар живот и повеќе пари за граѓаните во време на пандемија.

Владата и министерката за образование и наука, Мила Царовска наместо да ги решаваат проблемите во образованието тие создаваат нови. Пратеничката од власта, Жаклина Лазаревска, како претседател на Комисијата за образование, наука и спорт воопште не презема никакви мерки за исплаќање на задоцнетите плати на вработените. Како што локалната власт и градоначалникот Константин Георгиески си поигруваа со платите во образованието така и неговите ментори го уништуваат тоа што претходно се направило. За жал, со власта на СДСМ уште долго време нема да нѐ има на Шангајската листа, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ Охрид и бараат итно да им биде исплатена задоцнетата плата за месец септември на вработените во Филмската академија.