Економија 24. декември 2018. / 13:09

Вработени во психијатриската болница во Демир Хисар штрајкуваат

Вработени во психијатриската болница во Демир Хисар штрајкуваат

Двесетина вработени во психијатриската болница во Демир Хисар, денеска стапија во штрајк, пренесува ТВ21.

Причините за штрајкот е поради непродолжување на договорите на дело на овие вработени, кои истекуваат на 31 декември.

„Нашиот протест е во име на цел колегиум. Ова дело го водиме од 1 април. Нема никој слух за нас и нашите барања. Бараме решавање на нашиот статус. Ние 30 лица сме вработени со договор на дело, без придонеси и без ништо, а работиме во установа која се занимава со пациенти со психички проблеми. Јавно се обративме и до Премиерот и до Владата, но никој нема слух за нас. Бараме нови договори, но со поинакви услови од сегашните“, велат од штрајкувачите.

Доколку не се реши нивниот статус и денеска, тие најавуваат дека ќе продолжат со штрајкот и утре.