Економија 24. август 2020. / 19:17

Вонредни исплати за пензионери кои навреме не отворија сметка

Вонредни исплати за пензионери кои навреме не отворија сметка

Сите пензионери кои не стасаа да отворат сметка во нова банка, а ја земале пензијата преку пошта, ќе останат без пензија но тоа ќе имаат можност да го сторат и во други рокови –  до 7, 14 или 25 септември.

Кога ќе отворат, тогаш и ќе ја земат пензијата, односно нема да останат без пари и цел месец. Од фондот за пензиски осигурување велат дека ќе има вонредни исплати во текот на цел септември, но апелираат граѓаните нова трансакциска сметка да извадат што е можно побрзо.

Околу 30.000 пензионери кои земаа пензија преку македонска пошта отвориле сметка во друга банка, до завчера до кога и имаа рок да го сторат тоа за да ја земат следната пензија.

Останатите 20.000 кои не успеале да го сторат тоа впрочем нема навремено да ги добијат месечните приходи по овој основ. Проблемот се јави по затворањето на Еуростандард банка која имаше договор со банката. Сега се бара нова банка која ќе опслужува на шалтерите на пошти.