Економија 24. декември 2018. / 11:55

Промоција на новиот портал за отворени податоци на МИОА

Промоција на новиот портал за отворени податоци на МИОА

Во Владата денеска се промовира новиот портал за отворени податоци што го изработи Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).

Порталот, како што наведува владината прес-служба, е изготвен согласно заложбите за транспарентност во работењето на сите институции.

На промоцијата ќе се обратат министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, министерот без ресор задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност Роберт Поповски, амбасадорката на Велика Британија Рејчел Галовеј, Љупчо Вангелски од Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии и Неда Малеска од Центарот за управување со промени.

Покрај промоцијата на порталот и податочните сетови објавени од институциите, на настанот ќе се претстават и придобивките од отворањето на податоците за граѓаните, бизнис заедницата, медиумите и граѓанскиот сектор.