Економија 10. април 2018. / 12:21

Во среда почнуваат преговорите за поголема плата на рударите од „Саса“

Во среда почнуваат преговорите за поголема плата на рударите од „Саса“

Синдикатот на вработените во рудникот „Саса” членка на МЕСО – Мултиетничкиот синдикат за образование во среда ќе ги почне преговорите со менаџментот на рудникот за решавање на економско-социјалните барања на работниците, кои беа причина за штрајкот во март годинава.

Дел од вработените во „Саса“ во Македонска Каменица“ штрајкуваа на 14 и 15 март со барања за зголемување на платата, подобрување на условите за работа во рудникот и регулирање на пензискиот стаж кој не бил регулиран подолго време наназад неколку години.

Штрајкот е во мирување, па ако барањата на синдикалците не се исполнат, штрајкот ќе продолжи, велат од МЕСО.