Според последните анализи на Царинската управа на Македонија во земјава за првите девет месеци годинава, односно до први октомври, се увезени вкупно 25.401 патнички автомобили од кои што 21.069 се половни, а 4.332 се нови возила.
Дека најголем дел од овие возила се со дизел мотор, покажува најобична прошетка по авто- плацовите за продажба на увезени користени автомобили . При тоа, може да се види дека станува збор за модели кои се под удар на строгото европско законодавство за квалитетот на воздухот.