Иако има пораст, сепак земјава е далеку од развиените држави.
Бројките велат дека од вкупно регистрираните земјоделски стопанства, само 4% се осигурани со полиса за земјоделско осигурување.
Министерот за земјоделство вели потребен е ефикасен систем на осигурување поради се поголемите климатски промени.
-Остварените приходи од продажба на полиси за земјоделско осигурување заклучно со трет квартал 2018год достигнуваат најголем износ на премии, односно 210 милиони денари, додека исплатените штети изнесуваат 125 милиони денари. Тоа значи дека осигурителните компании ги враќаат парите и го помагаат земјоделството со исплата на штети. Сепак, генералната слика кажува дека постои ниско ниво на развој на земјоделското осигурување- изјави Климе Поповски, Агенција за супервизија на осигурување.
-Оваа 2017-та година преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството исплатени се 4,5 милиони евра вкупни штети во однос на сите неповолни климатски настани којшто се случија во текот на оваа година- изјави Љупчо Николовски, МЗШВ.
Се бара нов модел на осигурување во земјоделството. Надлежните ги разгледуваат шпанскиот и турскиот модел.