Економија 29. јули 2018. / 16:00

ВМРО ДПМНЕ: Уште еден скандал со грантовите од Фондот за Иновации

ВМРО ДПМНЕ: Уште еден скандал со грантовите од Фондот за Иновации

Изминативе денови сме сведоци на еден огромен скандал кој што го нарековме “Криминални иновации”. За жал тој скандал нема крај и од ден во ден се повеќе се шири. Денес јавно сакаме да поставиме неколку прашања за уште едно скандалозно доделување на пари од еден од 79те проекти што ги додели Фондот за криминални иновации.

Изминативе денови од медиумите го запознавме лицето Никола Мемов, кој што инаку е долгогодишен член на СДСМ, кој на социјалните мрежи може да го видите со еден куп слики со раководството на СДСМ, како јавно се фали дека негов проект е еден од наградените проекти.

Епа јавноста во тој случај ја интересираат неколку работи:

За која фирма од наградените Никола Мемов бил консултант и го подготвувал проектот?

Колку пари добила фирмата каде што членот на СДСМ Никола Мемов подготвувал проект?

Кој е сопственик на фирмата која што го ангажирала членот на СДСМ Никола Мемов и за каков проект се работи?

Дали ова е начинот на кој што имало влијание од страна на Никола Мемов врз неговите партиски колеги да го добие неговиот проект и каква награда земал за истиот?

Почитувани,

Веќе од авион се гледа дека се работи за криминал на големо.
СДСМ и оваа криминална Влада немаат ниту срам ниту перде. Уште и јавно си се фалат на социјални мрежи дека си поделиле пари меѓу себе, додека граѓаните тонат во сиромаштија и ги однесоа на работ на амбисот.

Јавното обвинителство мора да постапи согласно законите. Јавното обвинителство мора да го заврши овој случај според фактите, а фактите доворат дека ова е најголемиот скандал после криминалната приватизација за делење на народни пари во џебовите на партиските олигарси и функционери на СДСМ.

До тогаш, Јован Деспотовски, Кочо Анѓушев, Хари Локвенец, Цветанка Ласкова и сите други инвовирани во скандалот Криминални иновации веднаш да си поднесат оставки и да ги тргнат рацете од институциите за да не можат дополнително да влијаат на овој скандал.

Сите заедно се соучесници во најголемиот можен грабеж на граѓаните и за тоа мора да одговараат.