Економија 24. април 2018. / 13:56

ВМРО-ДПМНЕ предложи укинување на дополнителната акциза за дизелот што беше воведена на 1 јануари

ВМРО-ДПМНЕ предложи укинување на дополнителната акциза за дизелот што беше воведена на 1 јануари

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи намалување односно укинување на дополнителната акциза за дизелот од 3,5 денари која што од 1 јануари оваа година ја воведе Владата.

-Се работи за голем, огромно оптоварување и за граѓаните и за стопанството и од тие причини гледаме дека секојдневно цената на дизелот во Република Македонија расте. Откако Заев и Тевдовски влегоа во владата цената на дизелот се зголеми од 46 на 60 денари, односно зголемувањето е 30 проценти, рече Владимир Ѓорчев на денешната прес конференција.

Тој упати апел до парламентарното мнозинство,  да покажат, како што рече, „сенс за потребите на граѓаните, за потребите на македонската економија, затоа што цената на дизелот апсолутно секојдневно оди нагоре“.