„Министерството за финансии и СДСМ денеска на јавна аукција на државни записи ги задолжува граѓаните за нови 6,6 милиони евра. Само во месец август ова е второ милионско задолжување. На почетокот на август, СДСМ преку Министерството за финансии се задолжи за нови 36.6 милиони евра, а најавени беа дека ќе се задолжат 32.5 милиони евра“, вели денеска Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Значи само во месец август до сега СДСМ ги задолжува граѓаните за повеќе од 43 милиони евра“, сподели портпаролот.