Економија 03. август 2020. / 19:18

Владата утре ќе се задолжи нови 38 милиони евра

Владата утре ќе се задолжи нови 38 милиони евра

Владата предводена од СДСМ утре граѓаните ќе ги задолжи со нови 38 милиони евра.

Откако изминативе 4 месеци Заев и СДСМ не задолжи со над една милијарда евра, утре тоа задолжување повторно ќе се зголеми за неверојатни 38 милиони евра.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ изминатиов период обвинуваа дека тие пари наместо за проекти, завршиле за предизборен поткуп.