На денешната 45-та седница Владата ја усвои Информацијата за Проектот за човечки капитал и за изработка на Стратегија за унапредување на човечкиот капитал во Република Македонија во соработка со групација Светска банка.
– Проектот за човечки капитал претставува глобален одговор на групацијата Светска банка за мобилизација на земјите и партнерите, насочен кон унапредување на условите за живот и за зголемување на инклузивноста за економски раст на земјите партнери на Светската банка, информира владината Прес-служба.
Со заклучок од денешната седница, како што се наведува во соопштението од владината седница, за лица за контакт и координација на процесот за изработка на Стратегијата за унапредување на човечкиот капитал во земјата се назначени советниците на претседателот на Владата, Нина Фити и Ванчо Узунов, а работната група ќе ја сочинуваат и претставници на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука и на Министерството за здравство