На својата редовна, 102. седница Владата го усвои предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити.
Целта на предлог-законот е да се ограничи годишната стапка на вкупни трошоци на потрошувачките кредити. Со тоа, корисниците на кредити нема да плаќаат прекумерни трошоци и ќе се минимизира ризикот од понатамошно влошување на состојбата на корисниците на кредит коишто имаат проблеми со отплата на истиот, информира Владата.