Македонија нема година без да направи ребаланс. Тој нсе прави заради слаба наплатана приходите Во моментов имаме одлична наплата на приходи, но размислуваме како подобро да распределиме сретства.“ – вели Тевдовски.
Од каде ќе се крати, а каде ќе се додава Владата се уште не открива. Главната битка ќе се води околу парите кои се предвидени за капитални проекти. Во првите три месеци реализацијата таму потфрли, само 7 % од планираното е сработено.
„Нашето настојување во моментов е притисок да ги реализираат капиталните инвестиции.“ – вели Тевдовски.
За три месеци ставката за плати на администрацијата е зголемена за речиси еден милион евра. Во февруари за плати биле потрошени 36 милиони евра, што е за четиристотини илјади повеќе од јануари. А оваа промена од Министерството велат дека се должи на растот на платите во Армијата. Но за дополнителниот половина милион евра во март, нема прецизно објаснување иако Министерството тврди дека е поради зголемувањето на минималната плата и исплата на дополнителни коефициенти за администрацијата.