Економија 14. октомври 2020. / 11:07

Владата одлучи: Македонски Пошти ќе се приватизираат

Владата одлучи: Македонски Пошти ќе се приватизираат

На вчерашната седница Владата го утврди новиот текст на Законот за изменување на Законот за поштенските услуги, кој ќе биде доставен на усвојување од Собранието.

Во врска со оваа точка, Владата ги задолжи вице-премиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, министерот за економија и директорот на Национални пошти, да иницираат поодготовка на физибилити студија за можностите за отпочнување на постапка за преземање на компанијата со јавно приватно партнерство или со приватизација за да продолжи процесот на либерализација на поштенските услуги во земјата согласно регулативата на ЕУ.