Економија 15. октомври 2018. / 20:03

Виз Ер го објави летниот распоред од Скопје за 2019 година, најниска цена на билет 599 Ден

Виз Ер го објави летниот распоред од Скопје за 2019 година, најниска цена на билет 599 Ден

Авиокомпанијата Виз Ер го објави летниот распоред за 2019 година за летови од аеродромот во Скопје и истиот може да се погледне на официјалната страна на компанијата.

Почнувајќи од денес, патниците од Скопје можат да ги резервираат своите карти за нивниот следен летен одмор, службено патување или посета на пријатели од само 599* МКД. Во следните две недели цените за летната сезона ќе бидат исклучиво достапни за членовите на WIZZ DiscountClub, додека од 13 септември 2018 тие ќе станат достапни за сите.

Без разлика дали барате да резервирате семеен одмор на плажа, или да одите на градска прошетка за да откриете еден од најпопуларните градови во Европа, сигурно има дестинација во разновидната мрежа на Виз Ер за да ја исполни вашата желба. Ги повикуваме патниците да ја посетат wizzair.com и да ги обезбедат најдобрите понуди за нивното следно патување од Скопје, изјави Сорина Ратц, шеф на Корпоративни комуникации во Виз Ер.

Авиокомпанијата нуди над 1.2 милиони седишта од Скопје за следната година, истакнувајќи ја својата посветеност за донесување на нови можности за патување во земјата со навистина поволни цени. WIZZ во 2019 година нуди 27 директни дестинации до 13 земји во Европа и пошироко.

„Виз Ер” по примерот на својот главен конкурент Рајанер најави дека рачниот багаж во авионите, кој сакате да го качите со вас, ќе се плаќа. Според компанијата новото решение ќе го направи качувањето на патниците во авионот побрзо.

Според новата политика на авиопревозникот, која ќе стапи на сила од 1 ноември, бесплатно ќе може да се качува во авионот исклучиво багаж со димензии до 40 х 30 х 20 см што е приближно колку чанта или торба за лаптоп.
За секој поголем рачен багаж патниците ќе треба да си купат налепница “Wizz Priority”, чија цена започнува од 5 евра.

Предметната налепница ќе овозможува качување на багаж со димензии до 55 х 40 х 23 см. Со него ќе е можно и приоритетно чекирање и качување во авионот. Во последниве месеци авиопревозникот дозволуваше бесплатно качување рачен багаж, но во багажниот простор. Од 1 ноември оваа опција е отфрлена. Качувањето на чекиран багаж со тежина до 10 кг пак ќе е можно со налепница, чија цена почнува од 7 евра.