Стопанството под сериозна закана од континуираниот раст на цената на горивата. Паралелно се зголемуваат и трошоците на компаниите. Но засега бизнисот се воздржува од поскапување на производите. Велат дека постојано ја следат состојбата. Ако и во слендиот период продолжи овој тренд тие ќе бидат принудени да ги поскапат производите. Во спротивно ќе треба да се откажат од профитот.
Според анализите на северозападната комора само годинава нафтените деривати поскапеле за 17 отсто. За 16 месеци пак зголемувањето е за 49 отсто или месечно во просек цената расте за 3,06 проценти. Овој тренд на раст комапниите не можат да го следат. Од комората велат дека Владата мора да првеземе нешто за да спречи цените да одат нагоре.
Секако владат има механизми како тоа би го направила од кој наједноставен е да си ја повлечат одлуката што го покачи акцизата за 3,5 денари па и да се престане со растот на цените дури и може и да ги намали, иако цените на берзите се од големо значење но секогаш владите можат да допринесат за нормализирање на цените, се вели во дописот на северозапана комора на Македонија
Од ноќеска на полноќ Еуросупер 95 ката поскапе за еден денар и сега чини 74, 5 денари по литар. За денар и пол се зголеми и цената на Еуросупер 98 цата. Литар се продава за 76,5 денари. Дизелот пак поскапе за два денари и од полноќ неговата цена изнесува 69 денари по литар.
Од почетокот на годинава државата ја зголеми акцизата на нафтата за три денари. На ваквата одлука бизнисот неколку пати реагираше но досега нема интервенции во износот. Тогаш од Владата посочија дека зголемувањето на акцизата е во согласност со препораките на Европската Унија за да се намали употребата на дизелот, а со тоа и загадувањето.