Економија 14. ноември 2019. / 18:15

Винодонија 2019 – Винско патување на вкусови од Демир Капија до Трентино

Винодонија 2019 – Винско патување на вкусови од Демир Капија до Трентино

Последниот викенд од ноември, љубителите на вино од Македонија ќе имаат можност да ја споделат својата страст за доброто вино на четвртото издание на винскиот салон „Винодонија 2019“.

Посетителите на овој единствени и престижен винскиот салон ќе имаат можност да се запознаат со 450 етикети вина произведени од 50 домашни и странски винарии и ќе можат да уживаат во една прошетка на вкусови од Демир Капија до Трентино.

Ова случување чија цел е да го слави виното и неговата магија и да го подигне нивото на винската култура во Македонија ќе се одржи на 29. и на 30. ноември во хотелот „Мериот“ во центарот на Скопје.